Зошто си гладен после џоинт

cannabis,chocolate,kinder,man,suprise,twix-4f708049515f77846d86b6e38607362f_h[1]

Ако сте пробале џоинт, речиси сигурно сте се запознале со чувството дека можете да изедете и печен вол премачкан со Нутела. Во тие моменти имате 2 опции: да гнетете, или да размислувате зошто ви се гнете.

Одговорот лежи во комбинацијата од неколку различни фактори, меѓу кои и вашата зголемена способност за мирис, која пак ја засилува способноста за вкус, како и зголеменото ослободување на неуротрансмитерот допамин, а и ослободување на хормонот грелин – кој го поттикнува апетитот.

Зошто воопшто чувствуваме глад?

Активните состојки на марихуаната, познати како канабиноиди, влијаат на мозокот на повеќе начини. На пример, канабиноидите кои го предизвикуваат она незаборавно заборавно чувство заради кое сите пушат марихуана, се викаат тетрахидроканабинол (THC). Но, во марихуаната постојат уште најмалку 85 одвоени канабионоиди, кои имаат различно влијание врз нашето тело. За подобро да ја разбереме улогата на тие заради кои чувствуваме глад, мораме прво да разбереме што воопшто го стимулира нашиот апетит.

Телото користи повеќе сложени механизми за регулација на гладот. Тие механизми сé уште не се во целост разбрани, но тоа што го знаеме е дека гладот користи два механизма кога телото ќе почувствува пад или вишок на енергијата.

Кога има недостаток од енергија, телото активира ослободување на грелинот. Овој хормон го стимулира хипоталамусот во мозокот, за да го засили чувството на глад. Тој исто така влијае и на делот од мозокот познат како вентрално тегментална област, која помага во ослободувањето на допаминот – неуротрансмитерот кој прави да се чувствуваме добро.

Исто така, кога постои вишок на енергија во телото, масните станици ослободуваат хормон лептин. Тој го стимулира хипоталамусот да ја инхибира гладта. Од друга страна, лептинот го сузбива друг неуротрансмитер – анандамидот. Анандамидот – силен стимулатор на гладта,  е ендоген канабиноиден неуротрансмитер кој се врзува за истите рецептори како и THC-то. Па така, кога во телото има повеќе THC – има помалку лептин, а во вас владее силно чувство на глад.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Marihuana-i-glad-1[1]

Влијанието на THC-то

Самиот тетрахидроканабинол има многу влијанија врз телото. Предизвикува еуфорија, аналгезија и седација. Со непрестајна и долга употреба може да предизвика губиток на меморијата и потенцијални когнитивни оштетувања (околу ова уште се прават истражувања). Исто така, го намалува и чувството за повраќање и го поттикнува апетитот. Сето тоа го прави така што го имитира природниот телесен ендоканабиониден систем. Овој систем има рецепторски точки во средишниот и периферниот нервен систем, и е одговорен за регулација на наведените физиолошки процеси – гладта е еден од нив. Со други зборови, од марихуана сте гладни затоа што THC-то го измамува вашето тело да мисли дека е гладно.

Една студија од 2014-та покажува и дека THC-то го засилува сетилото за мирис. Спореден ефект од тоа е и подобрено сетило за вкус – со мирисање на храната, луѓето подобро ги чувствуваат нејзините сложени вкусови.

THC-то го засилува гладот и со тоа што влијае на рецепторот CB1. Тој го засилува вкусот на сахарозата (шеќерот), но нема влијание врз сензацијата на солено или горко. Тоа помага во објаснувањето на она субјективно чувство дека слатките намирници имаат подобар вкус кога сме напушени.

Rasta-Surprise-egg[1]

THC ги стимулира и рецепторските места во хипоталамусот кои предизвикуваат ослободување на грелин. Грелинот го зголемува гладот, а истовремено помага и во подготовката на дигестивниот тракт за прием на храна.

Па така, марихуаната ја прави храната повкусна, а вас погладни. Win-win ситуација, не?

- Реклама -