Никој до сега не успеа прецизно да утврди зошто и ние почнуваме да се проѕеваме кога гледаме како некој друг го прави тоа – во живо, на филм или на видео снимка.
Никој до сега не успеа прецизно да утврди зошто и ние почнуваме да се проѕеваме кога гледаме како некој друг го прави тоа – во живо, на филм или на видео снимка.
Една теорија се заснова врз претпоставката дека проѕевањето е облик на невербална комуникација. Кај бабуните, на пример, интензивното проѕевање во групата сигнализира дека е време за спиење, а типично е водачот (алфа мажјакот) да го завршува ритуалот со гласно проѕевање, со широко отворена уста.
Ако нашите претци го користеле проѕевањето за да комуницираат како што прават денес бабуните, тогаш заразноста на проѕевањето би можел да биде неволен, генетски програмиран феномен.
Поважно од прашањето зошто проѕевањето е заразно секако е прашањето зошто некој воопшто се проѕева? А сите ние тоа го правиме по десетина пати на час, почесто рано наутро и доцна навечер. Всушност, проѕевањето почнува уште пред раѓање – фетусот во матката почнува да се проѕева уште во 11 недела од неговиот развој.
Меѓутоа, малку нешта со сигурност се знаат за механизмот на проѕевањето. Проѕевањето, најверојатно, не ја покажува секогаш потребата за спиење и се чини дека нема никаква врска со претпоставката дека нашиот организам нема доволно кислород или дека има премногу јаглерод диоксид. Оваа втора теорија, била побиена после една студија од 1987 година која покажала дека доброволците, изложени на висока концентрација од кислород, не се проѕеваат помалку од оние изложени на висока концентрација од јаглерод диоксид – кои, исто така, не се проѕеваат повеќе и почесто.
Еве некои од најубедливите теории за проѕевањето – иако ниедна од нив нема добиено научна потврда:
– Проѕевањето ги шири нашите бели дробови и околните ткива, така штитејќи го чувствителното ткиво на белите дробови од пукање. Ова би можело да објасни зошто почесто се проѕеваме тогаш кога дишењето ни е „плитко“ (кога сме уморни, кога ни е досадно или само што сме станале од кревет).
– Проѕевањето ја „дистрибуира“ супстанца со име „суфкант“, течноста која ги обложува малите воздушни „џебови“ во белите дробови и им помага да останат отворени. Оваа супстанца е критична супстанција која му овозможува на новороденчето да го преживее излегувањето на свет. Оваа теорија би можела да објасни зошто фетусот се проѕева во текот на развојот, подготвувајќи се да почне да ги користи сопствените бели дробови.
– Проѕевањето ги шири мускулите и зглобовите и го зголемува обемот на срцето. Заради тоа, тоа го подготвува телото на повисок степен на внимание, посебно после опуштање. Тоа објаснува зошто спортистите и професионалните музичари често се фаќаат себеси како се проѕеваат пред периодот на нагло зголемување на активноста.