Зошто се наежуваме?

Како и кивањето, наежувањето е уште еден од автоматските рефлекси на телото чија примарна цел е да ни обезбеди опстанок во суровиот свет.

Студените околини и силните емоции (како стравот) се познати причинители на пиломоторниот рефлекс (наежувањето) и главни виновници што кожата добива текстура на искубана кокошка. Кога мускулните влакна закачени за фоликулите на влакната на кожата ќе се затегнат, кожата околу фоликулата се собира во вид на минијатурно испакнување, предизвикувајќи ги поврзаните влакна да се исправат.

Една од улогите е генерирање на топлина. Исправените влакна заробуваат слој на воздух на површината на кожата, изолирајќи го телото. За жал, човечките влакна се толку тенки и кратки што го прават рефлексот речиси безполезен, но кај другите (повлакнести) цицачи, наежувањето не е така смешно и безцелно. Всушност, накострешувањето на мачките и глувците кога се спремаат за борба е сосема поврзано со нашиот пиломоторен рефлекс. Во нивниот случај, мускулите реагираат на потенцијалната закана правејќи животното да изгледа поголемо отколку што навистина е.

18isb_hybw_G5C6_18_1431590g[1]

- Реклама -