Зошто програмерите работат ноќно време?

Една популарна поговорка вели дека програмерите се машини кои го претвораат кофеинот во код.

И се разбира, ако прашате случаен програмер кога тој ја врши својата најдобра работа, постои голема шанса да признае дека тоа е доцна во ноќта.

Но кај сите е различно. Некои сакаат да се разбудат во 4 сабалје и да завршат некоја работа додека не е започнал денот, а други пак си легнуваат во 4 сабалје. И се се сведува до тоа дека единствено тие сакаат да работат на мир и тишина без никој да им го одвлекува вниманието.

Е неможе ли просто да ја заклучат својата врата и зошто мораат да работат до толку касно во ноќта?

Според некои аналитичари тоа прашање се сведува на три работи:

дневниот распоред на програмерот,
сонливиот мозок,
светлината на мониторот

Распоред – maker’s schedule

Постојат два вида распоредување на времето на еден професионалец, првиот е традиционалниот распоред на времето каде денот е разделен на часови и 10 минутна деконцентрација може да ви загуби 1 час работа, а вториот вид распоред е т.н maker’s schedule – распоред за оние кои произведуваат работи.

Што значи тоа? Кога работите на еден систем, тоа значи дека морате сета таа информација да ја соберете во вашата глава и за започнете да го создавате системот (програмата). Но доколку во тој момент се појави некој или нешто што ќе ви го привлече вниманието, само за секунда сето тоа што го имате создадено во вашата глава ќе исчезне засекогаш.

ballmer_peak2

Еве зошто програмерите многу се нервираат кога некој ќе им го одвлече вниманието.

Токму поради овој факт многу често ќе забележите како еден програмер работи во продолжение од неколку часови без да одмори ниту минута, што значи дека токму тие различни начини на одвлекување на неговото внимание го тераат програмерот на работи навечер кога сите спијат.

Сонлив мозок

Нормално е дека и програмерите мора да заспијат некогаш, сепак и тие се луѓе, а не суперхерои. Но дали сте се запрашале некогаш зошто најмногу работиме во времето кога нашиот мозок е сонлив или заспива?

Според програмерите сонливиот мозок доведува до создавање на подобри кодови. А тоа се должи на концентрирањето кон едно определено нешто. Така кога мозокот се фокусира само на едно конкретно нешто, истото ќе биде подобро направено или завршено.

Според некои истражувања, пиењето на премногу кафе или енергетски пијалоци единствено што може да ве направи е хиперактивни со цел да завршите повече работи од еднаш. Но тоа не значи дека истите ќе ги завршите како што треба. Програмерите советуваат да го оставите мозокот да се измори и тогаш ќе може да завршите една работна, но квалитетно и како што треба.

Светлината на мониторот

Оваа причина е многу јасна и едноставна. Доколку гледате подолго време во мониторот, неговата светлина ќе ве заслепи и ќе се расоните.

Заклучок: Програмерите работат навечер затоа што тие се луѓе кои не ги поставуваат определено време кога треба да завршат со работата. Тоа ги прави по релаксирани, нивниот мозок не бара постојано работи кои ќе му го одвлечат вниманието, а и светлиот екран на мониторот ги држи будни.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -