По 21 година брак жена ми побара да однесам друга жена на вечера и кино. Ми рече: „Те сакам, но знам дека и таа ќе те сака и ќе се радува исклучително многу да помине некое време со тебе!”
Другата жена која мојата сопруга сакаше да ја изведам, беше мојата мајка, која остана вдовица на своите 19 години, но природата на мојата работа и моите три деца ми дозволуваа да ја посетувам само од време на време. Вечерта и се јавив, за да и предложам да одиме во ресторан, а потоа на кино. „Што се случило, добро ли си?” – ме праша таа.
Мајка ми е таков тип на човек, за кој што повик во текот на ноќта или изненадувачка посета е знак за лоши вести.
„Мислев дека ќе биде прекрасно ако поминеме малку време заедно. Само двајцата “- и реков јас.
Таа се замисли за момент: „Со најголемо задоволство!”
Овој петок, после работа, додека возев кон нејзиниот дом, за да ја земам бев малку нервозен. Кога пристигнав со изненадување открив дека таа исто така изгледаше малку загрижена. Ме чекаше пред вратата, облечена во најновото палтото. Беше си ја средила косата и беше облекла фустан кој го носеше кога ја славеше последната годишнина од свадбата.
„Им кажав на пријателките дека ќе излегувам со синот и тие сите беа импресионирани” – ми рече таа, додека се качуваше во колата. „Немаат трпение да им кажам како поминала средбата.”
Отидовме во ресторан кој иако не беше многу елегантен беше пријатен. Мајка ми ме фати под лактот, мислеше дека е Првата дама. Откако се сместивме на масата, требаше да го прочитам менито. Видот и беше колку телесната тежина и можеше да ги чита само буквите напишани со голем фонт. Бев нурнат во менито кога одеднаш го подигнав погледот и за момент ја видов Мама како седи таму, со очи загледани во мене. Нејзините усни беа прерастегнати од носталгична насмевка.
„Јас бев таа што требаше да ти го чита менито кога беше мал” – рече таа. Јас одговорив: „Значи време е да се потпреш на столот, да се опуштиш и да ми дозволиш да ти ја вратам услугата!” За време на вечерата водеше пријатен разговор. Се за вообичаени работи, за случки и поважни моменти кои ни се беа случиле неодамна. Разговаравме толку долго што го пропуштивме филмот. Кога ја оставив пред нејзината куќа таа ми рече: „Ќе излезам со тебе повторно, но само ако ме оставиш да те поканам.” И реков дека јас се согласувам.
„Како беше средбата?” – ме праша мојата сопруга, откако се вративме .
„Многу добро. Си поминав поубаво отколку што замислував “- одговорив.
Неколку дена подоцна, мајка ми почина од масивен срцев удар! Се се случи толку ненадејно што немав можност да направам што и да било за неа.
Сигурен сум дека нашата заедничка ноќ ни значеше многу и на двајцата.
Нејзиното „Те сакам сине“ вечно ќе ми одзвонува во главата, сакам да живеам со тој последен поздрав. Затоа што ништо во животот не е поважно од семејството! Давај им го времето што го заслужуваат, бидејќи некои работи не можат да бидат оставени за некој друг пат!