„Македонците се на седмо небо“, пишува Милан Красиќ за Balcan Handball. „Кире Лазаров ги води во Вараждин, а впечатокот по трите натпревари е дека конечно ‘измислија’ некои други сили и веќе не зависат од неговите 10-тина голови“.
Во интервјуто со Кире Лазаров, по набројувањето на сите заслужни „нови играчи“ во репрезентацијата, Красиќ стигнува до констатацијата дека против Германија сме биле подобри во првите 25 минути, дури и без Миркуловски, но и дека сме имале многу промашувања.
Е, за промашувањата… Красиќ вели дека било особено интересно да се слушнат коментарите на Кире околу завршницата на мечот.
„Не ми е жал за последниот напад. Јас за Столе сум спремен да направам сé во животот. Тој е човек со најголемо срце во репрезентацијата и нему сé му е дозволено…
… За Столе имаме голема поддршка, тоа може секому да му се случи. Тој е нашиот најголем борец, има срце како планина… Ќе биде наш најдобар играч во Вараждин“, вели Лазаров.
Или во превод, забрането е да му се лутите на Стоилов. Не дека има такви, ама чисто нека стои.
Целото интервју: КЛИК