Зошто нема црни хипстери

the-black-hipster-that-never-was-456-body-image-1450118348

Вилијам Харви доаѓа од Вилијамсбург и е еден од оние „оригиналните“ хипстери, стилска икона и басист во Lord Calverts. Тој е (или бил) еден од оние клинците, какви што ги има веќе неколку децении, кои вложуваат максимални напори да го живеат животот преку призмата на иронијата – уметници, писатели, поети, сликари… Таквиот став во Америка е клише уште од времето на нападот на „кулите близначки“, но продолжува да живее, според Харви, затоа што живеењето е премногу глупо или застрашувачко кога ќе му пристапите искрено.

Проблемот е, објаснува Харви, што за да негуваш таква иронична дистанца кон животот, треба и животот да те почасти со неговата дистанца кон тебе. Со други зборови, можеш да живееш со став дека сé е срање, само под услов ако ти се случуваат само срање работи. Токму затоа хипстерството и неговиот основен реторички концепт – иронијата, се резервирани за луѓе на кои никогаш ништо лошо не им се случува. И на хипстерите може да им се случи нешто непријатно – да ти удри корпа девојката што ти се свиѓа во диско, да не те сакаат во тимот кога играте фудбал во маало, да мораш да најдеш нови другари кога ќе се преселиш од Чаир во Центар, да немаш јако озвучување во колата што ти ја купиле твоите (или шознам, да немаш ѕвонче на точакот?) и слично; но никогаш нешто сериозно, као некакво сериозно срање.

Ама лошите срања се оние што го прават светот реален. Ако твојот свет е лишен од сериозно лоши нешта, тогаш не е потполно реален и затоа иронијата ти лежи при срце. Ова е главната поента на Харви. Човекот знае што зборува, затоа што стоел недалеку од „кулите близначки“, со две мали деца во рацете и гледал како чадот од експлозиите го исполнува небото, знаејќи дека неколку илјади луѓе умираат пред неговите очи. Тоа е моментот кога сфаќа дека се случува нешто навистина лошо, и тоа за премногу луѓе одеднаш, што веќе не е возможно да се одржи таа иронична дистанца кон реалноста. Разбирливо, Харви помислил дека тоа е моментот на почеток на крајот на хипстерството.

the-black-hipster-that-never-was-456-body-image-1450118586[1]„Пораснав во Вилијамсбуг и Бушвик во 1990-те. Навистина се трудев да бидам хипстер. Ги купив сите нешта што требаше да ги купам: еднобрзинци (точаци со една брзина), кафемати за филтер кафе, машини за пишување, плочи, тревасти цвеќиња, старо реупотребено дрво, џемпери за дедовци, препарирана уметност, плетени ќебиња, хармоники. Сé тоа. Јас бев црниот момак во играта цели 20 години. И мислам дека единственото нешто што со сигурност го научив е дека без разлика како си облечен, да си црн и да си хипстер се две тотално некомпатибилни работи“, раскажува Харви за Vice.

„Пред сé, хипстеризмот се вртеше околу тоа да присвојуваш ствари. Сите ствари, да бидам попрецизен. Брадата на дедо ти, албуми од 70-тите и „предградија“ што се блиску до центарот на градот. Било да е музика или стил, место, или што и да е, реупотребата, рециклажата, колонизирањето и реновирањето се во јадрото на хипстерството. Мораш да најдеш нешто што веќе постоело, што е комплетно нефраерско и тогаш мораш да објавиш дека е кул и да ги викнеш сите твои пријатели да дојдат таму на местото и заедно да кружите околу истото како да е ваше. После само го повторуваш процесот“.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Втората клучна работа, според Харви, е да одржуваш соодветна дистанца кон реалноста. Тука иронијата се покажува како десна рака на секој хипстер. Се облекуваш како „нерд“, но всушност си многу кул и популарен. Носиш камионџиска капа, но всушност си начитан зналец за светската музика кој живее на петти спрат во зграда (без лифт). Имаш мустаќи како на педофил, ама всушност си против силување и малтретирање на деца. „Ништо не беше како што изгледа. Ниедна личност не беше реална. Животот беше некаде на друго место. Луѓето беа идеи. Реалноста беше теорија“.

„Проблемот да го правиш ова додека си црн, пак, е што ти создава ебана главоболка. Додека да се биде хипстер значи да гледаш кон минатото со цел да најдеш нешто што можеш да го вратиш во мода, да се биде црн значи да погледнеш во минатото и да си помислиш дека малку фалело да бидеш роб на плантажа со памук или да бидеш линчуван. Додека да се биде хипстер значи да мислиш дека музиката на твоите е смешна, да се биде црн значи дека музиката на твоите те допира во душата и те тера на солзи бидејќи е поврзана со твојата лична спиритуална и персонална борба за човечност. Додека да се биде хипстер значи дека ништо не е важно, да се биде црн значи дека имаш должност да го потсетуваш светот дека твојот живот е исто така значаен…

…Но не само ако си црн, туку исто така и ако си сиромашен или си жртва на опресија, насилство, убиства, систематска деструкција. Ако си бегалец. Ако немаш вода во чешмата, или чешма. Ако немаш кондури. Ако семејството ти е во затвор. Ако си воен ветеран. Ако не знаеш каде ќе спиеш вечерва. Ако постои ризик да бидеш убиен ако речеш „НЕ“. Ако се бориш за живот, а не за да ја најдеш смислата на животот. Со други зборови, ако си како повеќето луѓе на планетата, тогаш да, хипстерството никогаш не било за тебе. Не е дека фенси идеите те прават исклучителен. Исклучителен те прави просторот што е потребен за да ги имаш таквите идеи. Да се биде хипстер значи да се бориш за смислата на животот. Сé друго е борба за самиот живот“, ќе рече Харви.

the-black-hipster-that-never-was-456-body-image-1450118509[1]

Целата фора е што сите, дури и хипстерите, во даден момент ќе станат нешто друго. Се случи 9/11. Кај нас се случија Смилковско и Куманово. Се случија нападите во Париз. Дваесетина лица со посебни потреби беа убиени на празнична забава во САД. А луѓето уште се преправаат дека ништо не е важно. Лоши нешта нé демнат сите, без разлика кои сме и каде сме.

„На кратко, срањето е реално и засега сé повеќе луѓе со секој поминат момент. Крајно време е сите до еден да отстапиме од дистанцата и иронијата кон она што се случува и да почнеме да ја интензивираме сериозноста, искреноста, љубовта, осетливоста на болката, страста, храброста, подавањето рака, чукањето на срцето. Време е да се искорени она во нас што прави последнава реченица да ни звучи глупо. Време е хипстерот во нас да замине во минатото и да престанеме да ги третираме нашите животи како теоретска шега“, заклучува Карвел Валас за Vice.

- Реклама -