Зошто нема масовна корупција во Финска

b01d016b-d03c-42b2-8d54-3d61e1b63900[1]

Во извештајот на Транспаренси интернешнал од јануари, Финска беше на второ место по најмал индекс на корупција – со 90 од максимални 100 поени, само еден поен зад Данска – најмалку корумпираната земја во 2016-та. Финска и традиционално е секогаш во врвот на листата. Што е нивната тајна?

Еве неколку можни одговори, поврзани со општиот менталитет на Финците.

1. Финците немаат привлечност кон луксузот. Само дегенерик може да сака непотребен луксуз.

2. Финците се убедени дека збогатувањето на семејството за сметка на другите претставници на својот народ претставува манифестација на омраза кон својот народ. Така постапуваат само серковци.

3. Во Финска многу добро разбираат дека „одлевањето“ на буџетските (т.е. народните) средства – е всушност акт на омраза и наштетување на своите деца и внуци, бидејќи тие средства ќе им требаат за во иднина да бидат искористени за патишта и училишта, на пример. А своите деца и внуци можат да ги мразат само моралните изроди.

4. Финците се убедени дека крадецот секогаш е кукавица. Тој живее во страв дека ќе биде откриен и дека го чека правна одмазда. Таков човек не може да биде слободен.

5. Во Финска се убедени дека крадењето на своите деца е на нивна општа штета. Ако човек не може да постигне нешто сам и по легален пат, преку едукација и сопствени успеси- неизбежно е дека ќе му биде лошо. А свесно да создаваат проблеми во иднината на своите деца, можат само глупаци.

- Реклама -