Постои често авијациско правило кога се работи за авионите кои летаат над овој предел од светот. Воопшто не е поврзано со некакви мистериозни околности, како Бермудскиот триаголник или нешто случно, туку со простиот факт дека Тибет е прошаран со екстремно високи планински вериги.
Викан и „врвот на светот“, високото плато на Тибет оневозможува авионите да летаат по вообичаените процедури. Во Тибет, просечната висина на „ниските“ области се движи над 3.600 метри. Самото тоа е проблем, затоа што во случај на декомпресија на кабините повеќето комерцијални авиони имаат кислород за само 20 минути за патниците. Авијациските правила наложуваат дека при декомпресија на кабината, операторите (пилотите) мора да се симнат на височина од околу 3.000 метри пред да биде потрошен резервниот кислород. Со оглед дека се работи за огромен планински регион и само ретки области се пониски од 3.000 метри, да се најде соодветно место за пониско летање е скоро невозможно во период од 20 минути. Засега има само една авиокомпанија што има развиен безбедни рути над Тибет, тоа е Cathay Pacific.
Сепак, веројатно главната причина што нема многу авиосообраќај над Тибет е недостатокот од потреба. Имено, Индија и Кина немаат чести меѓусебни летови. Ако имаа, веројатно некои од нив ќе одеа преку Тибет. Иако се соседи, Индија и Кина се две различни земји и пред сé – култури. Никогаш во историјата немало кинеска или индиска империја што ја опфаќала и другата земја, па и денес нема многу мешање.
Сепак, кога не би бил економскиот фактор, друга можна причина би била „чистата воздушна турбуленција“ што се јавува над врвовите. Ваквата турбуленција е турбуленција што не можеш да ја видиш и обично се поврзува со нестабилни џебови од воздух. Врвовите, спречувајќи го протокот на воздух, создаваат воздушни вртлози. Ако летате низ овие вртлози, за очекување е дека ќе биде многу турбулентно. Единствен начин за рано откривање на чистата воздушна турбуленција е претходно искуство на некој друг авион/летало, но како што рековме, такви над Тибет се ретки.
Тибетското плато е опкружено со екстремно високите врвови на Хималаите. На северот е ограничено од стрмна падина каде височината опаѓа од 5.000 на 1.500 метри преку хоризонтална дистанца од само 150 километри.
Сепак, тоа што Тибет е комплициран за летање, не значи дека нема авиони и аеродроми. Еден од попознатите е Paro Airport во Бутан. Пистата е толку зезната што наводно само 8 пилоти на планетата поседуваат доволно вештина да слетаат овде. Се наоѓа на над 2.400 метри и е опкружен со врвови од по 5.500 метри. Високите ветрови низ долината предизвикуваат сериозни турбуленции. Сепак, аеродромот го користат околу 30.000 туристи годишно.