Зошто моќта на моторите се мери во коњски сили?

За се е виновен шкотскиот иноватор Џејмс Ват.

Во раните 1780-те, кога го создал првиот кондензирачки и тогаш супериорен мотор на пареа, во споредба со класичниот парен мотор – Newcomen, Ват морал да најде пазар за својата иновација. Тоа го правел рекламирајќи и алудирајќи на фактот дека неговата машина користи дури 75 проценти помалку гориво од класичниот мотор.

На почеток, ги продавал моторите по royalty шема (надоместок за употреба на патент), каде купувачите би му должеле една третина од парите што ќе ги заштедат при употребата на неговата машина, во споредба со останатите парни мотори. Но, во тоа време, најголемиот дел од луѓето сеуште користеле коњи, а не класични мотори, па било тешко да се најде разликата и заштедата при користењето. Ват се откажал од таквата наплата и решил да најде нова тактика.

DraftHorses[1]

Иноватор во душа, тој смислил нова мерна единица што ќе ја репрезентира заштедата во форма во која купувачите ќе ја разберат – коњски сили, реферирајќи на моќните коњи за влечење. Така, тој  измерил колку моќ типичен коњ може да создаде. Не е познато како точно дошол до бројките, бидејќи има контрадикторни податоци околу експериментот што го спровел. Како и да е, тој заклучил дека типичен коњ може да повлече/крене 14.968 килограми во минута на растојание од 30 сантиметри и дека може да го одржи тоа темпо прилично долг период. Изразено во тогашните мерки – 32.400 foot-pound по минута, кој број подоцна го заокружил на 33000 по минута. Во превод, 1 коњска сила.

Тоа било прилично амбициозна проценка – само мал дел од коњите можеле да го одржат тоа темпо на моќност во текот на денот, но како што заклучивте, точната мерка не била приоритетот Ват. Паралелно со рекламирањето базирано на споредба на неговите мотори со она што коњите „можеле“ да го направат, Ват нудел и гаранција дека неговиот продукт ќе работи дури и подобро од ветеното, што поради (намерната или случајна) претераната проценка секогаш било случај. Така, купувачите биле презадоволни, а и самиот Џејмс Ват, профитирајќи од својот маркетингшки трик.

watt

На крајот, неговиот мотор се покажа како револуционерен и одигра огромна улога во Индустриската Револуција. Благодарение на ова, неговата мерка за моќност – коњска сила, стана доста популарна. Иронично, денес, во интернационалниот систем на мерни единици, мерката Ват (во негова чест), нашироко ги замени „коњските сили“.

- Реклама -