Зошто имаме подочници кога сме изморени?

Уште сме на почетокот на работната недела, а веќе се бориме со темните сенки околу очите. Но, зошто се појавуваат?

Најпрво, треба да се прави разлика меѓу оние темни кругови околу очите и подочниците, иако најчесто се појавуваат во тандем. Заморот влијае и на едните и на другите.

 

МОДРИ ОЧИ

Колку што е заслужен недостатокот од сон, толку се заслужни и гените. Кожата под очите е тенка и покрива мускули, масно ткиво и крвни садови. Темните кругови се резултат на светлината што се рефлектира од крвните садови кои се наоѓаат веднаш под површината на кожата. Тоа колку е темна таа област зависи во голем дел од тенот и дебелината на кожата. Тоа што се повидливи и поистакнати кога сме заморени, пак, се должи на тоа што крвните садови се зголемуваат по волумен.

Кога сме изморени, телото продуцира повеќе кортизол чија цел е да го зголеми нивото на енергија во телото. Тоа резултира со повеќе крв во телото и поголеми крвни садови. А со тоа и потемни кругови околу очите.

Исто така, долгото хоризонтално лежење – на пример, очајното обидување да заспиете, го зголемува протокот на крв во областа под очите.

Woman in pain having problems sleeping

ПОДОЧНИЦИ

Постои корелација помеѓу подочниците и возраста, но и лицето. Како што старееме, волуменот на масното ткиво под очите се зголемува, оттаму и подочниците.

Заморот ги прави повоочливи бидејќи телото задржува повеќе вода, што ги приморува крвните садови да се приближат кон површината на кожата. Истото се случува и кога јадеме многу сол или имаме алергии.

Гравитацијата исто така има удел врз кожата под очите. Со текот на времето, под нејзино дејство, кожата помалку или повеќе ќе свисне.

Сега кога знаете, погрижете се да се одморите.

- Реклама -