Зошто Гинис има подобар вкус во Ирска?

ГинисМногумина мислат дека ова е само ирска фалба во барови низ целиот свет. Но научници велат дека има вистина во тврдењето дека Гинис има подобар вкус во Ирска од било кое друго место на Земјата.

Експертите од Институтот за Прехранбени Технологии извеле детални анализи во 33 градови во 14 различни земји со цел да го откријат најдоброто место за уживање во темното пиво. Мнозинството од тестерите рекле дека многу повеќе уживале во пивото во Ирска отколку во било која друга локација. Студијата се фокусирала на тестери аматери, секој од различна земја. Биле потребни 103 тестери во 71 паб каде што биле оценувани различни фактори како атмосферата, изгледот и вкусот на пивото.

Оценувајќи го уживањето на скала од 1-100, пиењето Гинис во Ирска постигнало просечен резултат од 74, споредено со 57 на сите други локации. Пит Браун, писател кој го прошетал целиот свет пишувајќи за пиво рекол дека Гинис во Ирска е крајот на аџилакот за љубителите на пиво. Тој изјавил: „Пиењето Гинис во Ирска секогаш ќе биде попријатно отколку во Лондон, Париз или било каде. Постои чувство на автентичност кое се поврзува со пиењето пиво во неговиот вистински дом, па атмосферата која ја чувствувате во паб во Ирска е неспоредлива.“

„Луѓето одат во Даблин со намера да нарачаат чаша од темното пиво, што значи дека веќе се подготвувате за задоволството уште пред да го почувствувате. Ова дефинитивно е крај на аџилакот за секој вистински љубител на Гинис.“ Според него иако пиењето на „вистински“ Гинис ќе го зголеми уживањето, тој додал и дека има и практична причина поради која локалниот пијалак секогаш ќе има подобар вкус: „Во пабовите во Ирска можете да нарачате Гинис знаејќи дека пивото цел ден било точено, што значи дека нема да добиете пиво кое цел час било заглавено во цевката. На било кое друго место пивото би можело да биде во цевката и цел ден. Локалните бармени исто така добро го познаваат нивното пиво, па затоа истото ќе биде на совршена температура, во правилната чаша и со совршена количина пена. Тоа е многу важно.“ [Why Guinness tastes better in Ireland than anywhere else in the world]

- Реклама -