Зошто германскиот е лесен за учење

1024px-Fussbodenschleifmaschinenverleih[1]
Ве молиме почекајте, зборот се преведува.

Германскиот јазик е релативно лесен. За тој што знае латински и кој е навикнат на падежи, германскиот јазик не претставува никаква тешкотија… Или барем така велат професорите по германски на првиот час, ама… Ама тогаш почнуваат да држат предавања за der, die, das, den итн, убедувајќи ве дека сé понатаму е всушност логично – што во суштина значи лесно.

Затоа, со следниов пример ќе докажеме колку германскиот јазик е лесен и едноставен. Како прво, потребна ни е една книга на германски. Се работи за една преубава книга во скап платнен повез, издадена во Дортмунд, а која зборува за обичаите во племето Хотентоти (германски: Hottentotten).

Книгата зборува за тоа како ги фаќаат кенгурите (Beutelraten) и како ги затвораат во кафези (Kotter), кои потоа ги прекриваат со ткаенина (Lattengitter) за да ги заштитат од невремиња. На германски, тие кафези се викаат „кафези прекриени со ткаенина“ т.е. Lattengitterkotter, а кога во нив има и кенгури, тогаш зборуваме за Lattengitterkotterbeutelraten.

Еден ден, Хотентотите фатиле убиец (Attentater), обвинет дека убил мајка (Mutter) од племето Хотентоти (значи Hottentottermutter), мајка на едно приглупо дете што д’ткало (Stottertrottel). Таквата мајка на германски се вика Hottentottenstottertrottelmutter, а нејзиниот убиец, се разбира – Hottentottenstottertrottelmutterattentater. Приведениот потоа го затвориле во кафез за кенгури (Beutelratenlattengitterkotter), од кој тој набрзо побегнал. Сите веднаш се вдале во потрага, кога еден Хотентотски војник победоносно извикал:

„Фатив убиец (Attentater)!“

„Што? Кого?“ – прашал поглаварот.

„Па, Lattengitterkotterbeutelratenattentater!“ – вратил војникот.

„Молам? Убиецот од кафезот за кенгури покриен со ткаенина?“ – прашал поглаварот.

„Да, тоа е Hottentottenstottertrottelmutterattentater (Убиец на мајка на приглупо дете што д’тка), рекол војникот.

„Па што не кажа веднаш дека мислиш на Hottentottenstottertrottelmutterlattengitterkotterbeutelratenattentater!“, го искарал поглаварот.

Ете, гледате? Германскиот јазик е исклучително лесен и едноставен, само вие треба доволно да се заинтересирате.

Апдејт: Има и дел 2.

- Реклама -