Дали ви се допаѓа мирисот на свежина после дожд?
Ако одговорот е да, не сте единствените, но што е она што го предизвикува тоа чувство, прашува Live Science.
Постојат неколку мириси поврзани со паднатиот дожд кои луѓето ги перцепираат како пријатни. Едниот од нив се појавува тогаш кога врне за првпат, по подолг период на суша. Тогаш се појавува хемиска реакција, која е забележана за прв пат во 1964 година од страна на двајца австралиски научници, кои вршеле истражувања за мирисот на капките.
За време на сушните периоди некои растенија испуштаат мрсни екстракти и кога ќе заврне, тие се ослободуваат во воздухот. Покрај тоа можно е мирисот да се должи и на отцепувањето на произведените хемикалии од вид бактерија која живее во почвата.
Друг мирис кој го поврзуваме со дождот, е оној на озонот. За време на грмењето молњата може да ги подели молекулите на кислород и азот во атмосферата и тие за возврат да се соберат повторно во форма на азотен оксид. Оваа супстанца комуницира со другите хемикалии во атмосферата, за да формира озон кој има акутен мирис, што потсетува на хлор. Значи кога некој ќе каже дека мириса на претстоен дожд, најверојатно го намирисал донесениот озон кој ветрот го носи од облаците на површината.