Зошто Британците не ги чуваат јајцата во фрижидер?

Кога некој Американец би влегол во британски супермаркет, веројатно би бил изненаден, ако не и згрозен, од глетката на натрупани јајца на полиците, без ниеден фрижидер во близина. А сепак, не се Британците тие што се луди.

Како што заклучува Business Insider во неговото истражување, британските јајца не ни треба да се чуваат во фрижидер, затоа што се „испрани“.

Во САД, прописите велат дека јајцата чија дестинација се полиците на маркетите мора да бидат третирани (измиени и испрскани) со хемиски дезинфикатори, за да се намали ризикот од инфекција од салмонела.

Јајцата во маркетите во САД се чуваат стриктно во фрижидер.
Јајцата во маркетите во САД се чуваат стриктно во фрижидер.

Во Велика Британија, јајцата не се „перат“, затоа што се верува дека процесот го помага трансферот на опасните бактерии, како салмонелата, од надворешноста кон внатрешноста на јајцето. Не само тоа, британскиот закон не дозволува продажбата на третирани јајца, како американските, исто како што американскиот не дозволува неиспрани јајца, како британските.

Па, што има сето ова со чувањето во фрижидер?

Бидејќи САД генерално добива јајца од кокошки одгледани на фарми, ризикот од салмонела е поголем, а јајцата поподложни. Со други зборови, перењето на јајцата е императив. Од друга страна, во Британија е приоритет „јајцата да се чисти во моментот на собирање“, наместо „да се чистат отпосле“.

Научниците велат дека процесот на „перење“ може да го оштети надворешниот слој на лушпата, познат како кутикула, што им овозможува на бактериите полесно да се вовлечат во внатрешноста на јајцето. Студените температури во фрижидерот, пак, го спречуваат брзото расипување на јајцето, проблем што Британија го нема од такви размери како што го има САД.

А вие? Од каде се вашите јајца и како ги чувате?

- Реклама -