Атлетиката изобилува со интересни дисциплини, но можеби уште поинтересно е што секоја од нив што вклучува трчање се одвива во правец обратен oд движењето на стрелките на часовникот. Сте се запрашале ли зошто?
Се претпоставува дека на луѓето со посилна десна рака, кои го преставуваат мнозинството од населението, а со тоа и мнозинството од тркачите, им е полесно да трчаат наспроти часовникот. За деснораките, испружувањето на десното стопало нанапред и навалувајќи се на левата страна со цел да ја фатат кривината на патеката е полесно и поудобно отколку кога ситуацијата би била обратна. Покрај олеснувањето на трчањето, десната нога им дава и повеќе сила на тркачите кога трчаат дури и благо навалени кон лево. Сето ова е потврдено од физиотерапевтите, а и физичарите.
Од друга страна, трчањето во обратна насока од онаа на часовникот им дава на атлетичарите подобра позиција да ја набљудуваат конкуренцијата – вртењето на главата кон лево ви дава можност да погледнете наназад кон конкурентите кои трчаат во лак. Се разбира, истото e можно и кога би се трчало во обратна насока, но во тој случај главата би придодала тежина на десната страна на телото, при тоа анулирајќи дел од екстра-силата на деснораките.
Интересно, истата пракса се употребува и при трките со коњи и кучиња, иако кај нив не постои нешто како леворакост или десноракост. Ништо поразлично не е ни во американските автомобилски трки од NASCAR серијата, иако возачите речиси и да не го движат телото.