Најновата Армани колекција, минатата недела ја претставија страшила, а коментарите по ревијата никако да стивнат, отворајќи повторно дебата за тоа како треба да изгледаат моделите на модните писти.
Ни гради, ни задник, никакви облини.
Јавноста беше згрозена по ревијата, која се одржа пред нешто помалку од 10-тина дена, наведувајќи дека никогаш не виделе волку слаби манекенки и дека им било лошо.
Веднаш по завршувањето, публиката јавно го коментираше овој избор на италијанската куќа, едногласно тврдејќи дека не е хумано да изгладнуваат девојки поради модна ревија.
„ Ова е страшно, инаку го обожавам брендот Армани, но манекенките беа сосема изгладнети“, гласи еден од коментарите, „Дајте им на манекенките нешто да јадат, ова е тажно за гледање“, вели друг.
Познатата модна куќа не се огласи по повод овие критики, но засега останува прашањето што сите го поставија гласно „Зошто Армани не ги храни манекенките?“