Зошто 10 години не е надминат проблемот со електрониката?

Извршниот директор на General Motor, Мари Бара, нема одговор на прашањето: Зошто на General Motors му беа потребни 10 години за да се разбере за проблемот со електрониката кај моделите Chevrolet Malibu и HHR,  што доведе до повлекување на милиони автомобили од пазарот?!Во моментов трае истрагата за случајот, а последната информација е дека за ова виновен е висок инженер во компанијата, кој ги игнорирал стандардите и одобрил промена на дизајнот на системот за палење. Заради него се повлечени 2,6 милиони возила од пазарот и патиштата поради стравувањата од исклучување на моторот додека возилото е во движење. Имено, проблемите со системот за палење може да доведе до запирање на моторот за време на возењето, што пак може да придонесе и до отежната работа на системите за сопирање, управување и уредите за безбедност. Се претпоставува дека овој дефект е причина за смртта на 13 лица.

Од GM посочија дека се очекува да потрошаат околу 300 милиони долари во првиот квартал, за да се покријат трошоците за повлекувањето на возилата од пазарот.

Претстои Бара да сведочи за ова прашање пред американскиот Конгрес.„Кога ќе имаме одговори, ќе бидеме целосно искрени и транспарентни со нашите регулатори и со нашите клиенти“, вети Бара.

- Реклама -