Зоки „чукнал“ по „системот“

Пишува Љубиша Николовски за „Слободен печат“

Институциите функционираат, ама системот не е ефикасен, затоа премиерот Зоран Заев некни „чукнал“ на маса.

Да се удри по масата за да се воспостави некаков ред во одреден момент е позната пракса и таа треба да се применува секогаш кога за тоа има потреба, како дома, така и во политиката. И премиерот Зоран Заев со право тоа го направил пред своите подредени, кога во јавноста се создаде атмосфера на правна несигурност заради институционалната спорост или некоординираност, што резултираше со недостапноста или бегството на Сашо Мијалков.

Сепак верувам дека и без лупањето по маса, преземените мерки ќе вродеа со плод и Мијалков ќе се појавеше за да си го земе решението за куќен притвор. Едноставно затоа што такви мерки им стојат на располагање на органите на прогон, и без чукање на маса. И тоа се покажа како ефикасна мерка што резултираше со брзо „оздравување“ на Мијалков и појавување во јавноста.

Останува фактот дека првиот човек во извршната власт треба и почесто да лупнува по масата за да ги разбуди подзаспаните. Но, според правилата тоа се прави пред, а не потоа, односно не откако штетата, (овој пат политичка) ќе биде направена.

Она што збунува во целата оваа заврзлама со „бегството“ на Мијалков, се неколку противречности и нелогичности… ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ТЕКСТОТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА.

- Реклама -