Знаци дека не треба да консумирате глутен

Глутенот – протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот, се поврзува со повеќе од 55 болести. Се смета дека нетолеранција на глутен (целијачна болест) поминува недијагностицирана кај дури 99 проценти од лицата кои ја имаат. Од друга страна, се проценува дека 40% од светската популација е нетолерантна на глутен.

Следниве симптоми можат да бидат знак дека и вие спаѓате во таа група:

1. Попречено варење, како гасови, подуеност, пролив, па и запек (најизразен е кај децата, по конзумација на глутен)

2. Кератоза пиларис на рацете (позната и како „пилешка кожа“)

3. Чувство на замор и измореност по внесување на оброк што содржи глутен

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

4. Дијагностицирана автоимуна болест, како што се Хашимотов тироидитис, реуматиден артритис, лупус, псоријаза, улцерозен колитис, скелодерма или мултиплекс склероза

5. Невролошки симптоми, како вртоглавица или чувство на губење на рамнотежата

6. Хормонска нерамнотежа

7. Мигренски главоболки

8. Дијагноза на хроничен замор или фибромијаглија

9. Воспаленија, отоци или болки во зглобовите (прстите, колената, колковите)

10. Проблеми со расположението, како анксиозност, депресија и промени во расположението

- Реклама -