Знаци дека е добар во сексот

Сексуалните вештини зависат од низа фактори, а дел од нив се протегаат и во најбезначајните движења, гестови и однесувања. Па така, возможно е преку таквите ситни нешта да провалите како тој се снаоѓа во сексот.

 

КАКО СЕ ДВИЖИ?
Иако најлесно се забележува од тоа како се снаоѓа во одреден спорт или танц, експертите велат дека доволно е да посветите внимание на тоа како се движи. Дали изгледа шармантно и како да му е пријатно во сопствената кожа? Дали се држи исправено и оди како да има некоја цел? Сето тоа е знак дека располага со добри потези и во креветот.

 

КАКВИ СЕ НЕГОВИТЕ МОТОРИЧКИ СПОСОБНОСТИ?
Посветете внимание на тоа што прави со рацете кога сте заедно. Зависно од ситуацијата – дали врти пенкало околу прстите, во канцеларија, на пример? Што воопшто прави со рацете кога говори? Гестикулациите можат многу да наговестат за тоа каков љубовник е. Поголемата раздвиженост значи дека подобро се изразува себе си, а тоа е одличен знак дека е таков и под чаршафите.

 

ДАЛИ Е САМОУВЕРЕН?
Нивото на самоувереност исто така многу говори за тоа каков е мажот во креветот. Делува ли како лидер? Се изразува ли непречено? Не бега ли од тешки и спорни разговори? Ако одговорот е потврден, тоа се добри вести за вашиот сексуален живот.

- Реклама -