Пак SloMo Guys и нивното Super Slow Show, само што овојпат гости им се Шаолин монаси, и фрлаат игла преку стакло. Да, добро прочитавте.
Како што објаснува еден од нив – учителот Брус, ова е само една од 72-те техники што Шаолин монасите треба да ги совладаат, а за такво нешто потребен им е тренинг од едно 10 години…
А како го прават? Наводно, според учителот Брус, ја фокусираат целата своја енергија во иглата и потоа ја фрлаат како во пикадо. Останатото ќе го видите во видеото во суперзабавена снимка, за да имате доволно време да се изначудите.