Ве потсетуваме на легендарните 25 правила според кои можете да познаете дека сте инженер.
Единствените вицови кои ви ги кажуваат, ги добивате преку e-mail.
Се подразбира дека на Нова Година, вие сте единствениот кој ќе ја забележи расипаната новогодишна сијаличка.
Секогаш е морална дилема дали да купите подарок за вашиот партнер или да си купите дополнителен RAM.
Често се наоѓате во ситуација да мора да им објаснувате на луѓето како да ги употребат подароците кои сте им ги подариле.
На крстарење, додека сите се на палубата и зјапаат во природата, вие сте во машинскиот простор и го разгледувате моторот.
Вработените во продавница за компјутерска опрема не можат да ви ги одговорат прашањата.
Секогаш доцните на состаноци.
Гледате падобранци и знаете со која брзина паѓаат.
Доаѓате на ред за смртна казна во француски затвор кога се расипува гилотината. Вие се нудите да ја извршите поправката.
Заборавате да се ишишате (отприлика 6 месеци!).
Ги знаете на памет сите добри цитати од филмовите на Монти Пајтон.
Пишувате 70 зборови во минута на тастатура, но не можете да си го прочитате сопствениот ракопис.
Не можете да пишувате доколку хартијата нема и вертикални и хоризонтални линии.
Ги зачувувате каблите од расипаните апарати за домаќинство.
Имате повеќе пријатели на интернет, отколку во вистинскиот живот.
Имате бек ап на хард дискот.
Никогаш не сте купиле нова долна облека или чорапи за себе, откако сте во брак.
Знаете што значи http://
Кога ќе видите добар дизајн, сепак имате потреба нешто да промените.
Имате потрошено повеќе пари на калкулаторот отколку на венчалниот прстен.
Лаптопот ви е поскап од колата.
Рачниот часовник има процесор посилен од Пентиум на 300 мегахерци.
Веќе имате пресметано колку заработувате по секунда.
Сте се обиделе да поправите радиоприемник од 100 денари.
Основните 4 прехранбени групи ви се: Кофеин, масти, шеќери и чоколадо.