5 знаци дека е време да раскинете

Најголемата грешка на повеќето парови е тоа што остануваат во нефункционални врски надевајќи се дека проблемот ќе исчезне. Погледнете ја вистината во очи и бидете искрени. За доброто на двајцата, соберете храброст и направете ја одлуката што ќе ве ослободи и ќе ви даде можност да влезете во врска која што функционира.

1. Повеќе е лошо отколку што е добро

Во здравата, среќна и функционална врска се чувствувате добро повеќето од времето. Секако дека постојат повремени проблеми и караници меѓутоа тие не преовладуваат. Доколку половина и повеќе од времето се чувствувате нетрпеливи, нервозни и тажни… оваа врска повеќе не е за вас.

2. Доблестите стануваат маани

Спротивностите се привлекуваат и тоа е факт. Но, со тек на време, разликите во една врска може да создадат сериозни проблеми. На почетокот, кога вашиот партнер внесуваше живот во секоја забава, неговиот весел дух ве развеселуваше и вас и неговото внимание ве правеше да се чувствувате секси. Сега, неговата неисцрна енергија ве исцрпува вас, а неговата флертувачка природа ја разбранува вашата несигурност. Кога искрите ќе замрат, доколку вашите карактери се различни, не е фер никој од никого да побара да ја смени својата суштина за другиот.

3. Повеќе би сакале да сте на друго место… било каде

На почетокот на вашата романса сакавте да го поминувате целото свое време заедно. Си пишувавте пораки и го ослободувавте својот луд распоред само за да се видите. Иако е нормално интензитетот и возбудата да се намалат по извесно време, доколку почнувате да посакувате да не се видите треба навистина да бидете загрижени. Желбата да поминувате што повеќе време со вашите пријатели, повремено да ги избегнувате повиците на вашиот партнер и рамнодушноста се можеби дури и поастрашни од караниците. Веќе не ви е ни важно… зошто да се мачите? Разделете се како пријатели.

4. Продолжувате да се карате за истите работи

Знак дека имате добра врска е доколку вашите каранции вродуваат со некаков плод и наоѓате решение за проблемите со кои се соочувате. Доколку продолжувате да се карате за истите проблеми и не постигнувате никаков напредок, тоа е знак дека вашите карактери во својата основа се различни и тоа не е предмет на компромис. Наместо двајцата да бидете предмет на секојдневни фрустрации, најдете партнер кој нема да треба да се преврти наопаку за да ве направи среќни.

5. Почнувате да забележувате други личности

Кога сте заљубени, вашите очи и целото ваше внимание се насочени кон вашиот партнер. Доколку забележите дека почнувате да забележувате привлечни колеги или можеби прифатите покана за вечера од вашиот поранешен партнер, тоа значи дека во вашето срце се отворил простор за други можности и тогаш бидете сигурни дека вашата врска треба да заврши.

Со забележувањето на овие знаци, прифаќањето дека тие постојат и храброста да се разделите, си давате можност на себеси а и на партнерот, да го пронајдете она што секој од нас го посакува: љубов која ќе трае вечно.

- Реклама -