Следните изрази ги знае секој, бидејќи ги има слушнато стотици пати од своите родители, додека бил дете.
Денес тие звучат забавно и се апсолутен доказ дека сите родители го зборуваат истото.
- Доста со трчање, ќе се испотиш и ќе настинеш.
- Нема сладолед, ќе те боли грлото.
- Иван, кажи им ја на гостите песната за срничката.
- Излегувај од морето! Два саати си внатре.
- Немој ти мене таков тон. Каде се наоѓаш?
- Земи ја чинијата и послужи ја тетка ти.
- Никако станување од масата, додека не си изедеш сè!
- Пушиш ли? – Не. Ај да ми хухнеш.
- Не јади чоколади сега, ќе си го расипеш ручекот.
- Имаш нешто да ми кажеш, треба да одам на родителска.
- Додека живееш во мојата куќа, ќе го правиш она што јас ќе ти го кажам.
- Разбираш ли ти Македонски?!?!
- Ќе видиш ти кога ќе имаш деца
- Дај да ја видам тетратката.
- На кого се метна таков? Во моето семејство немаме такви.
- Не мрдаш дур не ја средиш собата.
- Ве испрашуваа денес?
- Ти со кого мислиш дека зборуваш?
- Не ми викај добро. Што е добро?
- Зашто јас така сакам.
- Парите не растат на дрвја.
- Не ми е гајле за другите деца.
- Ако Марко ти каже да скокнеш во базен, ќе скокаш?
- Значи, ме извади од такт!