Ако сте родени во периодот помеѓу 30 ноември и 17 декември, тогаш сосема е можно да не сте знак Стрелец, како што сте мислеле целиот живот. Извинете, но вие сте Змијоносец, бидејќи Сонцето се наоѓа токму во таа констелација.
Голем број астролози во неколку наврати се обиделе да го вклучат во Зодијакот.
Пред неколку години почитуваниот астролог Парк Канкел докажа дека небото сè променило и неопходно е да се обнови целиот систем за Зодијакот и астрологијата.
Поимот за 12 астролошки карактери е воведен уште пред новата ера, но од тогаш оската на Земјата малку е изместена (овој феномен се нарекува прецесија) И сега Сонцето, на пример, се наоѓа во знакот на Рибите не од 21 февруари до 21 март, како што било во антиката, туку половина од тоа време е веќе во соѕвездието Водолија.
Освен тоа, научниците тврдат дека всушност Сонцето не поминува еднакви растојанија во секоја една констелација. Според најновите проценки Скорпиите се оние кои се родени во периодот од 24 до 29 ноември (да, само шест дена) Змијоносците – 30 ноември до 17 декември, а Стрелците од 18 декември до 20 јануари.
Знак со човечко лице
Соѕвездието на Змијоносецот е поврзано со името на Имхотеп – египетски свештеник, еден од најголемите лекари во антиката (всушност, првиот реално голем лекар, познат на човештвото).
Тој живеел до 2625 година н.е. и некои сугерираат дека тој прв го применил користење на колоните во градежништвото. Векови по неговата смрт тој бил прогласен во божество – Египќаните оделе во храмовите, за да се молат за исцелување.
Грците го идентификувале Имхотеп со богот-целител Асклепиј (во римската митологија Ексулап), син на Аполон, воспитан од кентаурот Хирон. Кога тој пораснал, се научил не само да лекува, туку и да ги воскреснува мртвите. А симболот на Асклепиј е отровната змија, која се смета за еден од симболите на медицината.
Карактеристики на овој знак
Со векови легендите се испреплетуваат, но се смета дека токму Имхотеп бил единствениот вистински човек, по кого е наречен астролошки знак.
Претставата за судбината на човекот, роден под знакот на Змиеносецот, исто така е поврзана со египетскиот свештеник. Тие се познати градители, луѓе кои се стремат кон мудрост и поддржани од моќниците. Според некои, претставниците на знакот Змиеносец се луѓе кои се облекуваат добро, избираат светли бои, а среќен број им е 12.
Зошто астролозите се против?
Професионалните астролози го сметаат предлогот на астрономите за промена на системот на зодијакот како нож. Во западната астрологија се користи т.н. тропски Зодијак, основан на 12 сектор на еклиптика. Еклиптиката е рамнина, по која Земјата се врти околу Сонцето; првиот сектор од (од 0 до 30 степени) – знакот на Овен, вториот (од 30 до 60) – знак на Бик, итн.
Да, пред 2000 години тоа се совпаѓа со истоимените соѕвездија и затоа знаците на зодијакот ги добиле овие имиња. Но грубо кажано, движењето на Земјата е каде – каде поважна отколку соѕвездијата. Затоа не грижете се – Стрелецот останува Стрелец, а Скорпијата, Скорпија.
Меѓу славните личности родени под знакот на Змиеносец се : Тејлор Свифт, Нели Фуртадо, Патрис Кас, Бритни Спирс, Џулијан Мур, Ким Бесинџер, Мила Јововиќ, Џон Малкович, Вуди Ален, Џим Морисон, Винстон Черчил, Волт Дизни , Марк Твен, Френк Синатра, Бетовен, Џејн Остин.