На насловната страница на јунско-јулскиот број на француското издание на списанието „Вог“, Жизел Бундхен се појавува само со долниот дел од црно бикини, а нејзиниот задник е покриен со песок.
Бразилската манекенка пред три години стана мајка, а на извајаното тело и на совршено затегнатиот задник може да и позавидат голем број млади девојки ширум светот.
Иако со манекенството се бави веќе 15 години, 31-годишната убавица и понатаму не покажува желба да се повлече од тие води. Таа годинава работи со полна пареа – веќе потпиша договори со „Версаче“, „Живанши“ и со „Салваторе Фирагамо“.