Живееле со години надвор од цивилизација

Без разлика дали се одлучиле да живеат „надвор од системот”, разочарани се од општеството, се наоѓаат во заблуда,  или едноставно се отцепени од надворешниот свет, овие луѓе живеат доброволно во изолација од децении.

1. Татко и син од Виетнам се откриени 40 години откако избегале од војна

За време на Виетнамската војна, Хо Ван Тхан живеел во селото Тра Кем со сопругата и трите сина. Кога конфликтот меѓу Виетнам и САД ескалирал, тој почнал да се плаши за своето семејство. Тогаш, еден ден бил сведок како сопругата и двајца од неговите синови загинале во експлозија на нагазна мина.

Запаѓајќи во очај, 42-годишниот маж го грабнал живиот син, 2-годишниот Хо Ван Ланг, и избегал во џунглата. Таму останал 40 години, без да знае дека војната одамна е завршена. Со неговиот син биле откриени годинава од страна на работниците од едно блиско село.

2. Маж се крие во шумите на Мејн од 27 години

Речиси 30 години граѓаните на Норт Понд во централен Мејн раскажуваат приказни за пустиник кој живее во шумата и од време на време влегува во куќите на луѓето, за да бара храна. Овие приказни станаа урбана легенда.

Легенда, која стана реалност во април оваа година, кога еден шумски чувар решил да се појави „на местото на злосторството“. 47-годишниот Кристофер Најт бил фатен како  краде храна и опрема за кампување од камп крај езерото. Тоа еднаш и засекогаш ставило крај на гласините и ги потврдило сите приказни. Иако Најт се извинувал за кражбата, властите шпекулираа дека тој е одговорен за речиси 1.000 слични случаи во текот на годините.

3. Руско семејство се криело во сибирските шуми 40 години

Во 1978 година, руски геолози отишле во изолиран регион на сибирски пустош, но наместо вредни минерали, откриле шестчлено семејство кое живеело таму незабележано  40 години.

Човекот и неговото семејство биле  верници, членови на руска православна секта, која  била протерана во Советскиот Сојуз. За време на болшевичката револуција, многумина од сектата избегале во Сибир, а семејството  било меѓу нив. Во 1936г, комунистка патрола го застрелала братот на Русинот пред неговите очи, па тогаш тој ги земал жената и нивните две мали деца и избегале во шумата.

4. Јапонски војник одбил да поверува дека војната е завршена

Во 1944 година, јапонската армија го испратила полковникот Хиро Онода и неколку други од одредот на ретко населениот филипински остров Лубанг, каде ја воделе герилска војна во ВСВ. Иако наскоро потоа војната завршила , Онода и неговите сонародници не знаеле, па продолжиле да се борат со локалните уште 30 години.

Онода продолжил да живее во џунглата со децении, каде се хранел со кокос и банани.Со текот на годините, сите други починале, а еден од мажите одлучил да се предаде и избегал. Онода живеел сам уште 20 години и се претворил во легенда меѓу јапонските и Филипините националисти кои верувале дека е мртов. Во 1974, планинар го открил Онода и се обидел да го убеди дека војната е завршена, но тој одбил да му поверува.

5. Последен од  својот род , човек живее сам во бразилските шуми

Пред околу 20 години, бразилските власти откриле американски индијанец, веројатно последниот преживеан од племето, кој живеел во бразилската џунгла. Тие не знаеле што да прават со него, а сите обиди за контакт немале успех. Еден од спасувачите дури добил стрела во градите. Мажот и  денес  сеуште живее сам во дивината.

6. Маж живее среќно 30 години во изолирана колиба во Аљаска

По долгата кариера во морнарицата, Ричард Проенеки избрал прилично различно пензионирање. Тој изградил колиба високо во планините на Алјаска, каде поминал сам речиси 30 години.

Проенеки се упатил кон останатите држави, за да се види со своите блиски неколку пати во текот на тоа време, но главно го поминувал своето време сам со природата. Тој ловел, фаќал риба и ја  проучувал природата.

7. Жената од островот Свети Николај

Во 1835г, властите во Калифорнија наредиле сите индијанци да бидат иселени од малиот остров Свети Николај, најизолиран од Каналските острови. За време на евакуацијата, една жена одбила да замине, бидејќи тврдела дека малата ќерка исчезнала. Таа побегнала и не била видена речиси 20 години.

Во 1853г, истата жена била пронајдена  од ловците. Таа никогаш не го пронашла  детето, но ги фасцинирала сите со широката насмевка и позитивното однесување. Ловците ја вратиле на континентот, каде што таа била изненадена од современиот свет. За жал само седум недели подоцна починала од дизентерија.

 

8. Истражувач исчезнал, откако поминал 5 години сам

Еверест Руес е роден во 1914 година, но никој не знае кога умрел, бидејќи целиот живот бил сам. Тој бил сликар, поет и писател кој ја истражувал природата со години.Исчезнал во 30-тите години, кога имал само 20 години, додека поминувал низ изолиран регион во Јута.

Руес бил еден од првите Американци кои отствариле контакт со локалните индијанци и живеел меѓу нив. Тој никогаш не поминал повеќе од два дена меѓу луѓето и ја преферирал осаменоста. Неговата смрт останува мистерија и до денес. Некои сметаат дека умрел при инцидент, а други се сомневаат дека е убиен.

9. Кристофер МакКенделс – „проголтан“ од дивиот свет

Во 1990, откако дипломирал,  Кристофер ги донирал останатите 24 000 долари од својата сметка, се ослободил од семејните врски и сите предмети, по што тргнал на патување низ земјата. Тој патувал без пари и со минимален контакт со надворешниот свет. Пристигнал во Fairbanks, Алјаска, на 28 април 1992.

Само 4 месеци подоцна, телото на Кристофер било пронајдено во градски автобус. Тој бил починат од глад и конзумирање на отровни губи.

10. Жена живее во хобитска куќа

Во 1995, една мала група луѓе купиле големо парче земја во Велс со намера да направат куќарка. Тие живееле мирно и изолирано со години, додека владата не интервенирала  и ја оспорила сопственоста на земјиштето. По долгогодишната битка во судот, било одлучено дека навистина ја поседувале земјата.

Меѓу нив била Ема Орбан,жена која завршила Оксфорд, а сега живее во хобитска куќа која ја направила самата. Преживува така што  одгледува храна,  сама произведува електричната енергија и се гордее што живее надвор од правилата на општеството.

- Реклама -