Многумина од вас слушнале дека во Чешка се наоѓа познатата капела на коските, позната и како костурницата во Седлек.
Станува збор за мал мавзолеј во кој се наоѓаат останките од 40.000 до 70.000 луѓе, поразени од црната чума или болестите кои беснееле во текот на 14 и 15 век.
Верувајќи дека капелата е света, многу луѓе од тој период сакале да бидат закопани токму тука, но со толку голема стапка на смртност, за кратко време мавзолејот станал преполн.
Во околу 1500 година, на еден речиси слеп монах му било дадено за задача да ги нареди коските во капелата за да се зачува повеќе простор. Кон крајот на 1800-та година дрварот по има Франтишек Ринт започнал да ги уредува коските во уметнички мотиви.
Иако на некој начин оваа црква е импресивна, сепак, многумина сметаат дека е навистина морбидна. Токму поради тоа, костурницата е една од најпосетените туристички атракции во Чешка, која привлекува повеќе од 200.000 љубопитни посетители годишно.