Ѕидот на капиталистичкиот срам

Сликите кои ќе ги видите подолу, укажуваат на три метри ѕид со бодликава жица на врвот, која ги дели богатите и сиромашните во главниот град на Перу – Лима.

ACOMPAÑA CRÓNICA:FMI BM LIM01. LIMA (PERÚ), 07/10/2015.- Vista de la población de bajos recursos económicos del barrio de Vista Hermosa de San Juan de Miraflores en Lima (i), que ha sido separada hace cuatro años por un muro de concreto y púas del opulento barrio de Las Casuarinas (d), un espejo de la desigualdad en el reparto de la riqueza que domina en Latinoamérica. Mientras Perú se ha convertido esta semana en la capital económica mundial al acoger la asamblea anual del Fondo Monetario Internacional (FMI) y el Banco Mundial (BM), las colinas del sur de Lima muestran el lado oculto del desarrollo económico y la lucha por la reducción de la pobreza. EFE/OXFAM/SOLO USO EDITORIAL

Изграден на периферијата на градот, тој го носи прекарот Берлинскиот ѕид на Перу. Направен од жица и цемент стои растргнат помеѓу квартовите Сан Хуан де Мирафлорес и Сукре. Ѕидот создава шокантна разлика помеѓу урбанизацијата на местото во кое живеат некои од најбогатите жители на земјата, и гетото во соседството. Истиот првично е изграден поради стравувањата дека жителите од сиромашниот кварт ќе крадат од богатите сограѓани кои живеат во близина.

4(1554)

Областа на сиромашните дрвени куќи осветлени од свеќи и со скршени покриви граничат со куќи од милиони, а сите тие се наоѓаат во рамките на неколку километри, па важно прашање за социјалниот статус во Лима е „На која страна од ѕидот живееш?“

Демонстрантите против постоењето на ѕидот пишуваат слогани врз него како: “Мојата земја е твоја, мојата земја е моја, мојата земја е на сите.”, но тоа никако да вроди со плод.

Латинска Америка, заедно со Карибите е областа со најголема неусогласеност во платите во светот, според Oxfam.

Во извештајот од 2014 година стои дека најбогатиот еден процент од населението држи 41 проценти од регионалното богатство.

- Реклама -