Зибери, откако Филипче најави дека ќе го смени: Јас не ја злоупотребувам институцијата, за разлика од него

Директорот на Центарот за јавно здравје, кој е  кандидат за пратеник на ДУИ и роднина на нивниот предлог за премиер Албанец (Насер Зибери), откако се пофали со својот и придонесот на ДУИ за отворање на границите без ПЦР тест и 14-дневна изолација за да можат иселениците да си дојдат и да гласаат за премиер Албанец, реагира на најавата на министерот за здравство Венко Филипче за негова смена во најбрзо можно време.

Во изјава за „Фокус“, Арбен Зибери се правда за својата изјава на Фејсбук – која Филипче ја нарече „евтина и лоша предизборна реторика која не му доликува на доктор“, со образложение дека има право да споделува политички ставови на својот приватен Фејсбук профил. Притоа, го обвини министерот Филипче дека, за разлика од него, ја злоупотребува владината говорница за предизборни препукувања:

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук-профил да имам и политички ставови, притоа во ниту еден момент не злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам, како што за жал прави министерот Филипче со ваквите изјави со изборна заднина“, изјави Зибери.

- Реклама -