Зибери: Господин Ахмети избегнува да зборува македонски бидејќи не сака да биде погрешно сфатен

„Мислам дека Господинот Ахмети разбира, и тоа добро разбира македонски јазик. Друго е прашањето колку елоквентно може да се артикулира. Несакајќи да биде погрешно сфатен, мислам дека настапите негови се такви какви што се“, вели кандидатот за прв премиер Албанец на ДУИ – Насер Зибери, во интервју во емисијата „Трилинг“ на „ТВ24“, прашан дали лично смета дека е во ред лидерот на ДУИ (која донесувањето на Законот за јазици го претстави како голем успех) да не го говори, односно иако го познава, да не го зборува јазикот на државата во која живее.

На забелешката на новинарот дека 70% од дипломатите кои дошле во земјава го научиле македонскиот јазик, Зибери додаде:

Прочитајте и:  ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

„Фактот што господинот Ахмети беше долго време принуден да ја напушти својата родна земја – и тоа не е негова вина, напротив, вина е на тие што го принудија господинот Ахмети, и не само господинот Ахмети, од политички репресивни мерки на тогашниот режим да ја напушти рано земјата и да не биде во прилика да го изучува македонскиот јазик“.

- Реклама -