По тригодишна пауза донот на светската денс сцена и еден од највлијателните луѓе во денс музиката – Pete Tong доаѓа во Скопје за една од најголемите градски журка досега. Настанот ќе се одржи на 28.01(недела) на Скопскиот саем. Журката е во организација на City Radio, UFO Production и Hard Rock. Забавата почнува во 21h и ќе трае до 04 часот. Картите во претпродажба чинат 500, а на самиот влез 600 денари.