Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар.
Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.
Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години. Иста казна доби и тренерот на екипата, Веселинка Треноска.
Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова исто така доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години. Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци.