Дали постои задгробен живот? Ова е прашање што сите си го поставуваат, а неговиот одговор се темели исклучиво во верата и вербата.
Имало многу случаи каде што луѓето тврдат дека умреле и го виделе задгробниот живот, а потоа биле вратени меѓу живите – состојба што медицината ја опишува како клиничка смрт. Нивните приказни се навистина фасцинантни, а можеби и малку застрашувачки.
Погледнете што тврдат дека виделе и почувствувале:
Луѓето го опишуваат овој мир како најубавото нешто на светот. Многу спокој и многу љубов.
Неколку луѓе велат дека во моментот кога ги затвориле очите пред да го напуштат светот, ги виделе своите најдобри и најлоши моменти во неколку секунди. Овој животен зрак го опишуваат како просветлување.
Голем број луѓе тврдат дека ја виделе „Светлината на крајот од тунелот“.
Многу луѓе на смртната постела, ја чувствуваат својата мајка. Има и такви што пред да починат „разговараат“ со неа или ја споменуваат смирено.
Замислете нешто толку смирувачко што нема да посакате да се вратите назад. Многу луѓе велат дека имале толку зен искуство што посакале да останат таму.
Ако сте голема фамилија очекувајте да ги видите и своите роднини во задгробниот живот, барем според многу книги кои раскажуваат туѓи искуства со привремената состојба на смртност.
Неколку луѓе велат дека доживеале неверојатно искуство, гледајќи како нивниот дух го напушта телото. Според нив во оваа духовна состојба видливи се и луѓето во просторијата.
Луѓето што доживеале клиничка смрт велат дека биле пресретнати од анѓели чувари кои се грижеле за нив додека да го пронајдат патот.