Фотографката Мијоко Ихара, од Јапонија, ги документирала изминатите 13 години од животот на нејзината баба.Мотивот зад серијата фотографии, е да се овековечи животот на Мисао, жената која најмногу ја инспирирала авторката во текот на нејзиното созревање.
Во целата приказна има и трето лице, мачката на Мисао – Фукмару.
„Силната врска меѓу баба ми и нејзината мачка е навистина взаемна: делумно затоа што тие се наглуви, баба ми и Фукмару се секогаш во потрага една на друга со погледот. Тие се навистина блиски “, вели Мијоко.