Еве една интересна стара приказна, која може, ама и не мора да е вистинита, затоа што содржи пар добри животни лекции.
Имено, еднаш, во некоја далечна земја, неколку ограбувачи влегле во банка. Уште на влезот, еден од нив извикал:
„Не мрдајте! Ова е грабеж! И запомнете, парите се на банката, а животите ваши!“
Сите до еден мирно лежеле на подот…
Лекција 1: Неколку зборови можат да ја сменат перцепцијата на светот.
Една од жените провокативно се навалила врз столот, во обид да ги заведе ограбувачите.
„Ова е грабеж, а не силување. Однесувај се соодветно!“
Лекција 2: Биди професионален. Фокусирај се на целта.
За време на бегството при истиот тој грабеж, најмладиот од ограбувачите (со факултетска диплома), му рекол на најстариот, кој одвај имал завршено основно училиште:
„Еј стари, а да преброевме колку земавме?“
Стариот луто одговорил:
„Не биди глупав, тоа се многу пари за броење. Почекај додека не ја објават веста во медиумите, банката ќе каже колку пари се украдени“.
Лекција 3: Дипломите се супер, ама не купуваат искуство.
Откако ограбувачите избегале, директорот на банката се јавил кај сметководителот, а овој во полиција. Но претходно, сметководителот предложил:
„А да ги додадеме на 5-те украдени милиона и парите што ние ги украдовме минатиот месец, па да речеме дека оргабувачите ги украле и нив?“
Лекција 4: Искористи ја секоја можност.
Следниот ден на вести било објавено дека банката била ограбена за 50 милиони. Ограбувачите, знаејќи од око дека нема шанси да е тоа вистинската сума, го преброиле пленот, и избројале 5 милиона.
„Ние ги ризикуваме животите за мочани 5 милиони, а банкарските шефови украдоа 80 милиони без да мрднат со прст! Веројатно е подобро да научиме како функционира системот, наместо да бидеме обични лопови…”
Лекција 5: Знаењето е сила (Знаењето е моќ!).
Директорот на банката бил многу задоволен, особено што падот на берзата бил маскиран со грабежот.
Лекција 6: Без страв од ризици.
***
Дај му на човек риба и ќе го нахраниш на еден ден. Научи го да лови риба и ќе го научиш да се храни за цел живот. Дај му на човек пиштол и тој ќе ограби банка. Дај му на човек банка и тој ќе ограби сé живо.