Животни далеку поопасни од предаторите кои ги ловат

животниКога повеќе луѓе мислат на најсмртоносното животно во светот, нивните мисли веднаш тргнуваат во потрага по животните кои владеат со џунглите, саваните и океаните. Лавови, тигри, мечки предизвикуваат страв и кај најхрабрите луѓе. Но понекогаш, пленот на овие крволочни ѕверови може да биде далеку поопасен од нив.

Кога повеќе луѓе мислат на најсмртоносното животно во светот, нивните мисли веднаш тргнуваат во потрага по животните кои владеат со џунглите, саваните и океаните. Лавови, тигри, мечки предизвикуваат страв и кај најхрабрите луѓе. Но понекогаш, пленот на овие крволочни ѕверови може да биде далеку поопасен од нив.

Кобра
смртоносни животни

Овие змии се плен на животно кое изгледа како мешавина од ласица и куче. Монгусот е едно од само неколку животни доволно агилни за да убијат кобра, а како заштита од отровот на кобрата монгусот корист специјална хемикалија. Иако кобрата е плен на монгусот, таа е сепак далеку посмртоносно животно. Илјадници луѓе умираат како последица на каснување од кобра секоја година. Отровот на кобрата буквално може да предизвика мускулот околу местото на каснување да отпадне. Импресивно за животно кое постојано страда од животно кое изгледа како да е излезено од цртан филм.

Нилски коњ
смртоносни животни

Како може вакво дебело и навидум мрзливо животно да биде смртоносно? Поточно, како може ова животно да е посмртоносно од неговиот единствен предатор, Африканскиот Крокодил? Логично е да се претпостави дека рептил со лош темперамент, оклопна кожа и многу заби би бил поопасен од животно чиј примарен талент е јадење трева. Но сепак, нилските коњи се едни од најсмртоносните животни во Африка. Тие се екстремно територијални, и ако случајно залутате на неговата територија, едноставно ќе ве распарчи и ќе ви ги столчи коските. Нивната агресија потекнува од инстинктот за заштита на нивните млади, и тие се подготвени на сè, дури и ако треба да превртат чамец и да ги убијат сите луѓе на него.

Комарец
смртоносни животни

Комарците се храна за птици, риби, гуштери, инсекти и други животни, но тие сепак имаат убиено повеќе од било кое друго суштество на планетава. Немаат остри заби, отров или канџи. И покрај тоа што се плен на милиони животни, голем број видови, комарците убиваат милиони луѓе секоја година. Како? Тие ја носат болеста маларија, која е уникатна само за нив. Маларијата често се занемарува поради поновите болести како Рак, Ебола и СИДА. Луѓето во западните држави можат да се борат против оваа болест поради повисокиот стандард на живеење, но во слабо развиените земји, луѓето кои живеат во близина на езера, бари и мочуришта се лесен плен за комарецот.

Елен
смртоносни животни

Најсмртоносното животно во Северна Америка е белоопашестиот елен. Повеќе билози ја имаат опишано оваа појава како феноменот на „малиот тип во кунг фу филмови“. Иако луѓето, волците, планинските лавови, којотите и другите големи предатори ги ловат, елените сепак успеваат да убијат околу 150 Американци секоја година. Поради загубата на предаторите кои ја контролираат популацијата на елени, дошло до експлозија на бројот на елени. Елените често знаат да залутаат на автопатите, каде што предизвикуваат илјадници автомобилски несреќи годишно, голем дел од нив фатални. Тие исто така знаат да бидат и екстремно територијални и не се срамат да ги употребат своите рогови, како резултат на тоа секоја година има по неколку смртни случаи. Единствено нешто што би било полошо од тоа да ве истепа Бамби би било да ве истепа монгус. Среќа што не сме кобри.

Африкански бивол
смртоносни животни

Ако има нешто што научивме од „Кралот лав“ тоа е дека лавовите не живеат во џунгла ако го немаат убиено сопствениот татко. Во секој случај, лавот е владетел на саваната и јаде што сака, дури и африкански биволи. Па, не баш. Иако никој не може да ја оспори смртоносноста на лавот, неговиот плен, биволот, е всушност далеку посмртоносен. Лавовите ги напаѓаат само младите, старите и болните биволи, а оние поглупи лавови кои ќе тргнат да убијат возрасен здрав бивол, најчесто никогаш не се враќаат. Овие животни се толку упорни и територијални што често се случува африкански бивол да остане неколку денови под дрвото на кое се качил оној што пробал да се спаси од него. Африканскиот бивол убива по околу 2000 луѓе годишно, што значи дека се бори со нилскиот коњ за титулата најсмртоносно животно во Африка.

- Реклама -