Криминал, трачеви, казна, грев, покајание, слава – животот на Џорџ Мајкл е исполнет со екстремни моменти. 36 години на светската сцена, над 100 милиони продадени албуми и статус на легенда.
Неговата смрт дојде неочекувано, како резултат на срцева слабост.
Да ги погледнеме клучните моменти од кариерата на Џорџ Мајкл.
^ Ја започнува кариерата во 1980 година. Заедно со својот соученик Ендрју Риџли ја создаваат групата Wham!. Сликата е од 1984 година, на премиерата на филмот „Dune“ на Дејвид Линч, во кој игра и Стинг. Еден од големите хитови на Wham! и до ден денес е Last Christmas.
^ Кина, април 1985 година. Џорџ Мајкл и Ендрју Риџли на Народниот стадион во Пекинг. Тоа е првата посета на западна група во комунистичка Кина воопшто. Станува историска не само заради поп музиката во земјата, туку и за кинеската историја. Повеќето Кинези немаа појма кои се музичариве и зошто треба да ги гледаат/слушаат.
^ Џорџ Мајкл започнува соло кариера во 1987 година. Првиот самостоен албум – „Faith“ се продаде во над 10 милиони копии и има номинација за Греми. Тој албум е причината за долгата битка на пејачот со издавачката куќа Sony. Никогаш повеќе не издава за нив, туку за Virgin.
^ Џорџ Мајкл, Боно, Пол Макартни, Фреди Меркјури и Боб Гелдоф на една фотка. Датумот е 13 јули 1985 година, а местото е стадионот Вембли – на добротворен концерт за децата во Етиопија.
^ 1998 e годината кога Џорџ Мајкл признава дека е геј, откако е фатен како има секс во јавен тоалет во Беверли Хилс. Гласини за хомосексуалноста на пејачот веќе кружат со години пред тој настан, но сé дотогаш тој ги отрекува. По признанието, Џорџ Мајкл го прави спотот Outside, во кој машко веце се трансформира во дискотека во која се бакнуваат двајца полицајци.
^ Во октомври 2006 година, пејачот признава вина за возење под дејство на наркотици. Во 2008 е обвинет за посед на тешки наркотици, а во 2010 година добива пресуда од 8 седмици затвор, по која со својот Range Rover се заби во дуќан среде Лондон. Призна дека возел по земање и под дејство на дрога, и дека со себе носел и „трева“.
^ 2010 година. Пријателот на Џорџ Мајкл – Кени Гос, плаче откако ја слуша пресудата што му е изречена на пејачот.
^ 2011-та е уште една година полна со предизвици за пејачот. Џорџ Мајкл се разболува од тешка пневмонија и одложува многу концерти. Џорџ ќе се лекува во болница во Виена, каде се опоравува и успева да направи концерти во Франција, Германија итн. Порано таа година излезе вест дека Џорџ подготвува нов албум, но ете, овогодинешниот Божик се покажа како негов личен Last Christmas.