Актуелниот претседател на Ракометната Федерација на Македонија – Живко Мукаетов, доби едногласна поддршка и ќе остане на чело на РФМ и во следните четири години.
Во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи в недела (31 јануари) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, сите ракометни колективи (сите 54 клубови од македонското првенство) со право на глас, со потпис и печат писмено му изразиле поддршка на првиот човек на компанијата „Алкалоид“.
Со оглед дека според правилата еден клуб може да даде поддршка само на еден кандидат и нема право да го менува гласот на денот на гласањето, на Изборното собрание само формално ќе биде потврден реизборот на Мукаетов за претседател на РФМ, на чие чело е од 2013 година.