Жерновски до Заев, не како партиски другар, туку како родител: Ти благодарам

Зоран Заев и официјално веќе не е премиер, а во меѓувреме Собранието и едногласно ја избра новата техничка влада, но впечатоците по денешната оставка на лидерот на СДСМ сѐ уште се средуваат, кај двата табора. Додека кај едните се насетува победничка и славеничка атмосфера, кај другите се забележува доза на нocталгија. Таа, се чини, го coвлада заменик министepот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил да напише „додвopyвачки“ пост, иако и самиот посочува дека воопшто не е фан на таквите восклици.

„Тие што ме познаваат добро, знаат колку не сакам вакви ‘додвopувачки’ постови. Но ова е посилно од мене…

Ти ги пишувам овие зборови не како твој партиски и владин другар, туку како родител. Ти благодарам што моите деца денес живеат во просперитетна земја, членка на НАТО. Нѐ донесе и пред самата порта на ЕУ.

Се гледаме во твојов премиерски кабинет на 13 април“, напиша Жерновски, споделувајќи заедничка фотографија со, се надева тој, идниот повpaтник на пpeмиерската функција – Зоран Заев.

- Реклама -