Жерновски: НАТО се подготвува за македонското знаме! Може ли да се биде paмнодушен на оваа сцена? (ФОТО, ВИДЕО)

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, со големо воодушевување сподели фотографии и видео од подготовките за поставување на македонското знаме кои во моментов се во тек пред седиштето на НАТО во Брисел.

Се чека уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол за Северна Македонија во НАТО, со што и ќе се официјализира членството во Алијансата, а како што пренесува „НОВА“, јарболот е веќе поставен, а на ред е гравирање на името на државата на постаментот.

Според порталот, македонското знаме ќе биде поставено прво во кругот, веднаш до знамето на САД. Од видеото што го сподели Жерновски, меѓутоа, се добива поинаков впечаток, бидејќи со посебно внимание е истакната основата на сѐ уште непоставен јарбол, која е позиционирана на средина на кругот, меѓу знамињата на Латвија и Литванија, кои станаа членки на Алијансата во 2004 година.

„НАТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!

Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?

Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз.

Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина.

УСПЕАВМЕ !!!“, пишува Жерновски на Фејсбук.

- Реклама -