Женскиот индонезиски метал бенд Voice of Baceprot ги освои симпатиите на Гластонбери

Женското индонезиското муслиманско метал трио, „Гласот на Бачепрот“ (Voice of Baceprot) составено од три девојки, кои се помеѓу најдобрите метал бендови во нивната држава, минатиот викенд ги освоија фановите на фестивалот Гластонбери во Велика Британија.

Тие беа единствениот хеви метал бенд на овогодинешното издание на фестивалот, а нивниот фантастично моќен настап ја освои публиката.

Трите членки покажаа неверојатна контрола и способност за свирење – басистката Види Рамавати во стилот на Стив Харис се движеше насекаде по сцената, а солото на тапаните на Еуис Сити Ајсија беше наградено со огромен аплаус. Сепак, во центарот на вниманието остана гитаристката и вокалистка Фрида Марсија Курниа, која успеа со својот моќен глас да приреди вистинско хеви метал шоу.

Прочитајте и:  Никој не знае кој го поместил најстариот британски сателит и го однел над Америка

Бендот уште еднаш покажа дека имаат вистинска страст кон музиката, а атмосферата не ја наруши ни јазичната бариера.

- Реклама -