Не дека жените не знаат дека нивните партнери им купуваат подароци со најдобра намера, ама најдобрата намера не е гаранција дека изборот е оној вистинскиот. Напротив, некои од подароците што девојките ги добиваат се тотално лоши. Во продолжение следуваат исповеди на девојки што добиле најлоши новогодишни поклони:
„Јапанки (апостолки), број – преголеми, купени на попуст. Знам дека не е убаво да ги критикуваш туѓите подароци, ама ова е толку смешно што стана тажно“ – Ивана, 27
„Еден бивш ми купи сет тенџериња за Нова Година, што би било супер поклон ако му бев тетка што не ја сака. Вака беше само глупо, поготово што многу се потрудив околу неговиот поклон“ – Марина, 23
„Кондоми. Не се шегувам, добив кондоми за Нова Година. Нему тоа му беше фора, зашто тоа е супер подарок што заедно ќе го искористиме, а мене ми падна мрак на очи“ – Ива, 24
„Добив парфем, претходно отворен. Не знаев како да реагирам, па се преправав дека ми е ок, ама морам да признаам дека многу се разочарав. Ќе беше подобро да ми купи само некоја ситница, ама барем навистина сам ја купил“ – Тина, 24
„Мислам дека мојот поклон е дефинитивен победник. Од бившиот добив преубави менѓуши, спакувани во преубава кутија, а внатре имаше преубава честитка на која пишуваше: Драга Марија, се најдобро за Нова Година… Јас се викам Ана. Марија му е бившата“ – Ана, 23
Со среќа со вашите подароци. 🙂