Жените трошат 289 дена од својот живот избирајќи ја совршената комбинација за на работа, излегувања, празници, одмори, за во вежбална и за други активности, откриваат најновите истражувања.
Експертите открија дека просечната жена троши по 16 минути секое утро за да ја донеси вистинската одлука за тоа што да носи и околу 14 минути во саботите и неделите наутро. Студијата која беше концентрирана врз 2,491 жени на возраст од 16 до 60 години, ни открива понатаму дека на повеќето жени им е потребно 20 минути за да се одлучат која е вистинската комбинација за излегувањата за време на викендот.
Вистински предизвик е изгледа да се избере облеката што ќе се носи одмор, па така жените жртвуваат 52 минути секој пат кога треба да се донесе таквата тешка одлука што да се спакува во куферот. Додека се на одмор, десет минути наутро ќе бидат потребни за да се најде најдобриот аутфит и 10 минути ќе се избира вечерната тоалета.
Кога ќе се додадат на тоа и вечерните забави, празниците и свеченостите, околу 36 минути по шест пати годишно, се добиваат уште повеќе од 3 и пол дена во харање по плакарите. Студијата исто откри дека просечната жена ќе проба по две комбинации секое утро пред да падне конечната одлука, a една од две жени поминува по 15 минути во текот на вечерта размислувајќи за тоа што да облече следниот ден на работа. [Women spend nearly one year deciding what to wear]