Жените навистина се полоши возачи

сообраќајСпоред научниците жените возачи имаат поголеми шанси да учествуваат во несреќа. Истражувачите анализирале 6,5 милиони сообраќајни несреќи и откриле поголем број на несреќи помеѓу две жени отколку што очекувале.

Тие исто така откриле дкеа жените имаат повеќе проблеми со крстосници со четири улици, со три улици и приклучни патишта. Резултатите изненадуваат уште повеќе со оглед на тоа што мажите поминуваат повеќе време зад воланот од жените. Во просек, мажите возат 60 проценти од времето, жените 40 проценти.

Мајкл Сивак, од Универзитетот од Мичиген, изјавил: „Резултатите наведуваат дека во одредени сценарија за сообраќајни несреќи, несреќите во кои двајцата учесници се мажи се помалку застапени од оние во кои двајцата учесници се жени. Доктор Сивак и неговиот колега Брендон Шоетл проучувале податоци од репрезентативен примерок од полициски извештаи за несреќи во САД помеѓу 1988 и 2007.
Тие очекувале да откријат дека несреќите со двајца машки учесници претставуваат 36,2 проценти од сите несреќи, додека оние со две жени учесници 15,8 проценти а мешаните несреќи 48 проценти. Но, тие откриле дека несреќите во кои двајцата учесници се жени претставуваат 20,5 проценти, двајцат мажи биле одговорни за 31,9 проценти. Несреќите со мешани учесници опфатиле 47,6 проценти, во границите на очекуваното.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Научниците исто така откриле дека жените имаат поголеми шанси за несреќа на крстосница од мажите – нивните коли најчесто се удрени од лева страна кога вртат десно и обратно. Доктор Сивак вели дека ова може да е поради разликата во висината помеѓу половите. Тој изјавил: „Постојат три доминантни фактори поврзани со возачот, можноста да бидете на погрешно место во погрешно време, вашата вештина и вештината на сите возачи вмешани во несреќата.“ [Women drivers ARE more dangerous behind the wheel, scientists discover]

- Реклама -