Жените преувеличуваат колку боли породувањето. Или не?

Викаат дека на светов нема ништо што повеќе боли од породување. Викаат и дека мажите не би можеле да го издржат.

Во меѓувреме, човештвото разви технологија што им овозможува на мажите да поминат низ симулирана верзија на породилните болки. Во суштина се работи за електро-шокови што ги примаш во абдоменот во период од околу 1 час.

Ова нема да биде првото видео од ваква симулација. Ама за разлика од другите мажи, кои тргнуваат со претпоставката „ова ќе боли“, овие двајца тргнуваат со ставот дека „жените претеруваат ама баш за сé“.

- Реклама -