Веројатно веќе се наоружавте со доволно календари за 2014-та, но годината само што почна, па еве ви причина да набавите уште еден, малку поинаков и многу „поеластичен“.
Главниот адут на календарот е Злата, најфлексибилната жена во светот. Жешката блондинка со руско потекло е поранешна гимнастичарка и има 27 години, а својот необичен талент го открила и го користи од 4-годишна возраст. Ако мислевте дека допирањето на прстите на нозете е успех, Џулиа Гентел (нејзиното вистинско име) може да влезе во 50-сантиметарска коцка, и покрај тоа што е висока 176 сантиметри. Оттаму и неколкуте светски рекорди зад нејзиното име.
Во моментов живее и работи во Германија како професионална „виткачка“ (contortion artist), а меѓу многуте проекти е и последниот календар, во кој и покрај неприродните пози успева да изгледа прекрасно, слатко и кул.
Во неколку интервјуа, Злата објаснува дека превиткувањето во неверојатни пози и доаѓа природно и воопшто не ја боли; единствено станува непријатно кога мора да остане во една ваква позиција подолго време, нешто слично како непријатноста што ние ја чувствуваме по долго седење пред компјутерот. Во меѓувреме, Злата непрекинато и интензивно работи и вежба за да ги одржи своите мускули и својата флексибилност во полн ефект.
Еве ја на дело: