66-годишна жена од Масачусетс отишла на доктор откако развила сува кашлица која траела околу две недели, проследена со силна болка во десната страна. Првично докторите ѝ дијагностицирале вирусна респираторна инфекција (како настинка или грип). Меѓутоа, дури и пет дена подоцна, нејзините симптоми не се подобриле.
Тогаш нејзиниот матичен доктор забележал дека жената има голема модрица на десната слабина меѓу ребрата и колкот, а ја болел и градниот кош при најмал допир.
Компјутерската томографија на нејзниот граден кош и абдоменот открила „разместена фрактура“ на нејзиното 9-то ребро од десната страна, вели извештајот. „Разместена фрактура“ значи дека коската е скршена, а двата краја на скршената коска се раздвоени.
По темелна анализа и разговор со жената, докторите заклучиле дека единствена можна причина за скршеницата е нејзиното интензивно кашлање. Ѝ земале брис од носот и грлото, и откриле дека жената страда од голема (aka. магарешка) кашлица, позната и како пертусис.
Пертусис е респираторна болест предизвикана од бактеријата Bordetella pertussis, со рани симптоми обично слични на тие на настинката, како растечен нос или блага треска. Разликата е што една до две недели подоцна, инфицираните лица можат да развијат многу интензивна кашлица. За време на овие напади на кашлање, лицето може да продолжи да кашла сé додека не го истисне целиот воздух од белите дробови. При повторното вдишување, белите дробови создаваат специфичен звук (го викаат „whoop“, затоа на англиски ја викаат и Whooping cough; cough e „кашлица“).
Болеста е најсериозна кај малите деца, но и возрасните можат да доживеат компликации, вклучувајќи и ваква – скршени ребра. Според едно американско истражување, околу 4% од возрасните со голема кашлица имаат скршено ребро како последица на кашлањето.
Што се однесува до жената, ѝ бил даден антибиотик, а реброто ѝ било санирано со операција. Оттогаш целосно закрепнала.
Еве како звучи лош случај на пертусис кај возрасен (видеото не е пријатно за гледање, се разбира):