Желјазков во Тирана: Добив гаранција за правата на бугарското малцинство во Албанија и врз основа на тоа го поддржуваме европското патување на земјата

Добивме потврда за гарантирање на правата на бугарското малцинство во Албанија. Ги цениме напорите за тоа и врз основа на тоа го поддржуваме европското патување на Албанија, изјавил Росен Желјазков во Тирана, по средбата со неговата колешка Линдита Никола.

– Високо ги оценивме нашите односи и во контекст на интеграцијата во ЕУ и во контекст на предизвиците со кои се соочува меѓународниот поредок. Албанија е шампион во регионот, ги исполнува сите надворешно-политички обврски. Таа има непоколеблива позиција во однос на војната во Украина, додал тој, јавија медиумите.

На заедничката прес-конференција двајцата го изнеле ставот дека Албанија и Бугарија немаат заеднички отворени прашања а националните малцинства ги сметаат за мост на пријателство.

-Нашите земји ги сметаат националните малцинства како мост за пријателство и богатство во односите меѓу двете земји. Ние имаме идентични позиции против руските напади врз Украина, изјавила Никола.

Со законот за националните малцинства, усвоен во 2017 година, Албанија, за првпат, призна постоње на бугарско национално малцинство, откако Бугарија го услови со тоа евроинтегративниот пат на земјата.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата

Бугарскиот прв парламентарец се сретнал и со претседателот Бајрам Бегај, од чиј кабинет објавија дека разговарале за политичките односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Западен Балкан, интензивирањето на економските

односи, растот на комерцијалните размени, како и воспоставувањето инфраструктура за поддршка на овој процес.

-Претседателот Бегај ѝ се заблагодари на Бугарија за поддршката на Албанија за интеграција во ЕУ, за заедничките мултилатерални иницијативи, за придонесот на воените трупи во КФОР, а ја истакна и важноста од унапредување на економските на ниво на политичките односи, оценувајќи го при тоа Коридорот 8 за стратешки проект, стои во објвата од неговиот кабинет.

Исто така посочил дека актуелната состојба во регионот бара разбирање, соработка и надминување на досегашните политики меѓу земјите од Западен Балкан за негова целосна евроатлантска интеграција.

- Реклама -